ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/26/20 12:05 PM

Жител на тетовско Глоѓи загина при превртување на трактор

Жител на тетовското село Глоѓи вчера го изгубил животот откако се превртел со тракторот кој го управувал. Несреќата се случила на локалниот пат од Глоѓи кон Јелошник во месноста Црвеница.

– Вчера во 13 часот и 30 минути во Полициското одделение Теарце било пријавено дека на локалниот пат Јелошник-Глоѓи, во месноста „Црвеница” атар на селото Глоѓи, Љ.С.(53) од Глоѓи, управувајќи трактор „ИМТ 539″ на кој имало закачено приколка натоварена со огревни дрва, се превртел. Љ.С. починал на самото место, соопшти СВР Тетово.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, по што телото на починатиот било дадено на семејството.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7