ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/14/18 12:34 PM

“Уапсиле” гневен лебед поради застој во сообраќајот

Полицајците во Кембриџшајр спасиле лебед кои се наоѓал на автопатот, а потоа на нивниот Твитер профил објавиле фотографии со хумористичен опис дека лебедот е задржан во притвор поради предизвикување на застој во сообраќајот.

Полицајците на овој англиски округ се пошегувале дека ја задржале птицата во притвор во полицискиот автомобил, а престапот го опишале како “искажување бес на патот” и “попречување на текот на сообраќајот”.

Лебедот останал во полициското возило сè додека не пристигнале припадниците на Кралското друштво за спречување на насилство врз животните. Тие ја прегледале птицата и откако не пронашле никакви повреди, ја вратиле назад во реката.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1