ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/25/20 12:32 PM

Поштенски марки за групата Queen по повод 50 години постоење

По повод 50 години постоење на Британската група Queen , Британската кралска пошта ќе пушти во продажба 13 специјални поштенски марки.

Јубилејот групата ќе го прослави овој јули, а со издавањето на почесните поштенски марки стануваат третата група која ја добила ваквата можност. Први беа „Битлси “ во 2007, а во 2016 и на Пинк Флојд.

Осум од тринаесетте марки кои официјално ќе бидат пуштени во продажба се со насловните албуми на групата : Queen II (1974), Sheer Heart Attack (1974), A Night At The Opera (1975), News Of The World (1977), The Game (1980), Greatest Hits (1981), The Works (1984) i Innuendo (1991).

Четири пак ќе бидат со секој член од бендот од некој настап, Фреди на стадионот „Вембли“ од 1986 година, Роџер Тејлор во „Хајд парк“ во 1976, Џон Дикон во Хамерсмит Аполо од 1975 година, а Брајан Меј е прикажан од настапот во Будимпешта од 1986 година.

Последната, тринаесетта поштенска марка ќе биде групна фотографија од членовите од бендот.

Марките сега се достапни за резервации.

 

фото : www.radiox.co.uk/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1