Тарабунов со карантинскиот хит „Нема крај“
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/25/20 11:33 AM

Тарабунов со карантинскиот хит „Нема крај“

Пејачот Александар Тарабунов – Тара после неколку месеци принудна пауза и музичка илегала поради новонастанатата ситуација со пандемијата со коронавирус конечно со нов сингл и видео запис. Станува збор за темата „Нема крај“ која својата официјална премиера ја имаше денес, а е негово лично авторско дело и го означува стартот на неговата кариера како кантавтор.

„Времето поминато во карантин го искористив за да творам. Направив мало студио во својот дом, се посветив на музицирање, а прв производ од мојата „музичка кујна“ е токму „Нема крај“. Аранжманот го сработив заедно со Роберт Билбилов кој му даде светски призвук на рефренот и целосно ја среди продукцијата, додека, пак, текстот е заедничко дело на мене и Зоран Зонде Стојановски кој се потпишува и како режисер на спотот“, откри Тарабунов.

Кадрите за видеото се снимени на две локации – Скопје и Преспа, а спотот изгледа како филм. Покрај Тара во дел од кадрите се појавува и манекенката Сара Дојчиноска.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7