ММС

Објавено на: 06/25/20 9:01 AM

Сообраќајот на патoт Штип-Радовиш, сепак, денеска без прекин

На експресниот пат Штип – Радовиш, кај местото „Пилав тепе” сообраќајот денеска ќе се одвива непречено во двата правца, без прекини и застои, соопшти АМСМ.

Нема да се изведува минирање, како што беше најавено.

АМСМ утрово информира дека патот Штип – Радовиш од 12:40 часот ќе биде во прекин поради минирање на делот кај „Пилав тепе”, но според изведувачот на работи „СТРАБАГ АГ” денеска минирање нема да се врши.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1