ММС

Објавено на: 06/24/20 1:39 PM

Жители на село Баница се тепале за паркинг место во село Облешево

Вчера  во 12.15 часот во Полициската станица Кочани било пријавено  дека на автобуското стојалиште во селото Облешево, поради меѓусебни недоразбирања околу паркирање на возила, бил нарушен јавниот ред и мир.

Физичка пресметка настанала помеѓу две групи на лица сите од с.Баница, струмичко, при што биле употребени и дрвени предмети. Од страна на полициски службеници на сите учесници во пресметката изготвени им се записници за констатиран прекршок по член 11 став 3 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1