ММС

Објавено на: 06/24/20 10:06 AM

Македонци дел од банда за трговија со луѓе- Германската полиција „разби“ балканска група во Берлин

Германската полиција во раните уттрински часови почна акција во Берлин против меѓународната криминална банда која е специјализирана за трговија со луѓе. Полицијата изврши претрес во вкупно 11 згради и изврши налог за апсење за еден Албанец, изјави портпаролот на полицијата.

Во станот на осомничениот, полицијата пронајде четири лица за кои постои сомневање дека се криумчарени лица. Откриле и голем број документи, вклучувајќи пасоши, кои ќе бидат проверени.

„Во потрага сме по докази за да уапсиме група осомничени“, посочи полицијата.

Според „Bild“, бандата ја сочинуваат членови од Грција, Македонија, Косово, Албанија, но и Германија.  Тие претежно патувале со автобус и авион како туристи во Германија, каде бандата им давала лажни грчки или италијански работни дозволи. Цената зависи и од квалитетот на фалсификуваните документи, а познато е дека тие морале да платат помеѓу 5.000 и 9.000 евра по лице.  Воспоставувањето контакт со бандата се случило преку локална туристичка агенција, а бандата дури привремено им давала на располагање на своите „клиенти“ станови во Берлин.

Од Берлин, многу прокриумчарени луѓе биле префрлувани понатаму во Ирска и Велика Британија, каде работеле како градежни работници.

Извор: b92.net

Фото: boston.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.