ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/30/20 7:35 AM

Македонско, наше е: 23 години пријатели на природата, Андрос Фарм ДОО

Приказната за Адрос Фарм Доо Охрид започнува уште во 1997 година, за денес, по 23 години, да стане синоним за она што значи еден од  водечките  капацитети на балканот за производство на куќна хемија/средства за чистење и козметика.

Брендовите кои се препознатливи за Андрос Фарм Доо се под имињата на производите  AVAKS (куќна хемија) , Andros и Softly (козметика).

Врвното производство се должи на квалитетот на суровините кои се користат при процесот, зад кои стојат имињата на докажани по квалитет германски  производители, ама и  знаењето од реномираните компании  како BASF, DROM, KLARIJANT. Суровините кои се користат, одговараат на европските стандарди за заштита на човекот и природата, па не случајно нивното мото е – Пријатели на природата

Мисија и визија

Тимот го следи брендот и е постојано во фокусот на барањата и потребите на купувачите, трудејќи се да го испорача најквалитетниот производ по најприфатлива цена, добитна комбинација која им ја овозможува конкурентската предност на пазарот.

Факти за Андрос Фарм ДОО

Континуиран раст во продажбата и развој на производствените капацитети, благодарение на постојаните инвестиции.

Остварен вкупен промет на годишно ниво во износ од над два милиони евра.

Постојаниот  раст и развој е резултат на работата на целиот тим на „Андрос Фарм“, кој континуирано се стреми за унапредување и промовирање на професионалноста, па продажбата расте, не само на домашно ниво, туку и во соседните земји.Моментално како и сите домашни компании и „Андрос Фарм“ се соочуваат со потешкотии во работењето, предизвикани од ситуацијата со COVID 19 вирусот, но оптимисти се, дека пазарот ќе се стабилизира во наредните два месеци.

 

Македонско, наше е – проект на Канал 77, како општествено одговорен медиум, во придонес на македонските компании во здравствено – економската криза со ковид 19. Ви ги претставуваме македонските компании и нивните бреднови.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1