ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/1/20 8:00 AM

Конзумните јајца на „Везе Шари“ и високата еколошка свест – европски добро познат бренд

Несомнено е дека името на „Везе Шари“ е асоцијација на свежи конзумни јајца. Меѓутоа, на добропознатиот македонски и европски бренд, му се допишуваат и производите од пилешко месо, примарните земјоделски призводи за исхрана и силажа на кокошки, проследени со општествено-одговорна работа и исто такво делување.
Основни факти за „Везе Шари“:
Почетоците „Везе Шари“, како еден од најголемите производители на свежи конзумни јајца во Македонија, датираат од 2000 година во село Требош, Тетово, како заедничка германско-македонска инвестиција со вградена целосна германска технологија. Фирмата има широко распространета диструбитувна мрежа и врши извоз на јајца во земјите од регионот, ЕУ и НАТО, со годишно производство од над 34 милиони јајца, задоволувајќи ги потребите на пазарот во нашата земја.
Грижа за животната средина
Преку постојана примена на иновативни идеи и справување со проблемот со отпадот, компанијата „Везе Шари“ започнува да размислува за еколошко решение. Со размена на идеи и искуства со германскиот партнер, инвестираат во фабрика за биогас, со што отпадот од фармата и другиот земјоделски отпад се користи како суровина. Со „Електро Шари“, отпадот не се третира само како отпад, туку се користи и како обновлив извор на енергија, од кој со обработка се добива метан, за производство на електрична и топлинска енергија.
Остатокот од процесот се обработува повторно за да се добијат органски ѓубрива во количина од 8.000 тони годишно.
Зошто купувачите го одбираат производите на „Везе Шари“?
Во време на здравствено – економска криза, речиси сите компании се соочуваат со намален обем на работа, бидејќи мерките за спречување на пандемијата го „замрзнаа“ движењето и ги ставија луѓето во карантин, а со тоа се намали и потрошувачката. Поради тоа, во услови кога извозот тешко оди, мора да се дејствува на домашен план и да се поттикне купувањето на домашни производи. Со купувањето на домашни производи се зајакнува домашната економија и се дава ветер во грб на македонските компании да истраат во времето на кризата предизвикана од коронавируот.
Производите на „Везе Шари“ имаат долга традиција и врвен квалитет. Континуираното производство на прехрамбени производи во еколошка здрава средина во падините на Шар Планина, заедно со огромно ниво на професионалност и имплементација на највисоки стандарди, претставува одлична препорака за секој купувач и мотив да се упати веднаш до најблиската продавница или маркет.

Македонско, наше е – проект на Канал 77, како општествено одговорен медиум, во придонес на македонските компании во здравствено – економската криза со ковид 19. Ви ги претставуваме македонските компании и нивните бреднови.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1