ММС

Објавено на: 06/23/20 1:09 PM

Општина Тетово со најголем договор за јавна набавка во државата во 2019 година

Општина Тетово има реализирано набавка со најголема вредност од сите локални самоуправи во 2019 година, покажува истражувањето на Центар за граѓански комуникации од каде е направена база на податоци за јавните набавки на сите општини и градот Скопје.

– Најголемиот договор за јавна набавка склучен од страна на единиците за локална самоуправа е на Општина Тетово со фирмата „Дрисла” (пред нејзиното преземање од страна на Градот Скопје) за чистење и депонирање на комуналниот отпад на локалитетот с.Фалиште во вредност од 1,9 милиони евра, наведуваат од Центарот за граѓански комуникации.

Имено, Општина Тетово е на второ место по градот Скопје како локална самоуправа која во 2019 година бележи зголемување на јавните набавки во однос на 2018.

– Општина Тетово бележи вредносен скок од 3,7 милиони евра. Односно од 1,7 милиони евра во 2018 година на 5,4 милиони евра во 2019 година, се наведува во базата со податоци.

Во 2019 година Општина Тетово имала буџет од два милијарди 209 милиони 994 илјади и 577 денари. Вкупната вредност за јавни набавки изнесува 332 милиони 632 илјади и 29 денари или15, 05 проценти удел во општинскиот буџет. Во текот на 2019 направени се 48 набавки.

Од вкупниот број јавни набавки на Општина Тетово, 51,5 проценти се услуги, 44,9 отсто се за работи, додека 3,6 проценти се за стоки.

Истражувањето бележи пораст на јавните набавки кај Градот Скопје и 58 општини, додека пак намалување е евидентирано кај 22 општини.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.