Чекаа да поминат изборите па да разговараат за забрана за собирање на отворено
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/22/20 8:36 PM

Чекаа да поминат изборите па да разговараат за забрана за собирање на отворено

Кризниот штаб на Србија два дена по Парламентарните избори, ќе разгледува дали да се воведат пориророзни здравствени мерки, како што се мерки за ограничување на собири на отворено, посета на болниците, намалување на бројот на лица во затворен простор, што сега е до 500 лица, како и задолжителното носење маски во јавниот превоз и продавниците.

Истражувачката мрежа БИРН објави сомневање дека властите манипулираат со бројките на починати од ковид. БИРН објавува дека дека 632 пациенти починале од вирусот на ковид во Србија од 19 март до 1 јуни 2020 година, што е за 388 повеќе од официјално објавениот број за тој период, кој е 244. Оваа мрежа исто така наведува дека бројот на заразени во последните денови од минатата недела се движеше меѓу 300 и 340 на ден, што далеку ги надминува официјалните податоци за 97 нови случаи.

Нова


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7