ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/22/20 11:53 AM

Во пламен американска военo-воздухопловна база во Јапонија

Во зграда со магацин за опасни материјали во американската воздухопловна база на јапонскиот остров Окинава утринава избувнал пожар, соопшти Aрмијата на САД. Во соопштението се неведува дека персоналот во базата навреме е евакуиран, па немало повредени.

Пожарот што утринава избувнал во американската воздухопловна база Кадена не се проширил надвор од неа, се наведува во соопштението на американските воздухопловни сили. Причината за избувнувањето на пожарот уште не е познат.

Како што пренесува АП, целото подрачје е затворено, додека пожарникарите се обидуваат да го локализиираат огнот.

Кадена е најголемата американска воздухопловна база на Далечниот исток. Повеќе од половината од американските војници во Јапонија, чиј број е оолу 50.000, се сместени на островот Окинава, врз основа на билетерален договор за безбедност. Многу жители на островот се жалат на загадување на животната средина, бука и криминал поради базата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1