ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/20/20 8:36 PM

Дали Ковид-19 влијае врз бременоста, раѓањето и доењето, но и врз плодноста на жената?

Коронавирусот сè уште е меѓу нас и со секој изминат ден напредува научната работа на лекарите. Излегува дека Ковид-19 е особено опасен за родилките и идните мајки.Секоја жена треба да биде двојно внимателна за да не се зарази, затоа што последиците можат да бидат фатални. Тие се поврзани со репродуктивниот систем на припадничките на понежниот пол.

Лекарите дошле до застрашувачки заклучоци и ги предупредуваат сите жени да бидат многу внимателни. Според лекарите, има ACE2 клетки на површината на јајниците и матката, оној на кој всушност се прицврстува коронавирусот и преку кои Ковид-19 влегува во телото. Истражувачите заклучиле дека репродуктивните органи на жената исто така може да бидат засегнати и да го пренесат вирусот од мајката на фетусот.

Кинеските лекари откриле како се дистрибуира ACE2 во репродуктивниот систем. Излегува дека ACE2 е активно вклучен во синтезата на ткивата на матката, јајниците, плацентата и вагината, обезбедувајќи раст и развој на клетките. Овој протеин игра важна улога во созревањето на фоликулите и за време на овулацијата влијае на мукозните ткива на матката и ембрионот.

„Коронавирусот, променувајки ги ACE2 клетките, може да ја наруши женската репродуктивна функција и теоретски да доведе до неплодност“, коментираат лекарите во нивниот труд.

Други научници веруваат дека досега нема сигурен и убедлив доказ дека коронавирусот влијае на репродуктивниот систем и може да предизвика неплодност.

Пренесувањето на инфекцијата од мајка на фетус исто така е под знак прашалник.

“Се уште не е познато дали жената со потврдена инфекција од коронавирус може да го пренесе вирусот на своето бебе за време на бременоста или по породувањето или дали вирусот може да се пренесе за време на доењето. Според достапната статистика, дете може по раѓањето да се зарази со коронавирус, како резултат на близок контакт со заразен.

Сепак, Ковид-19 може да предизвика предвремено раѓање, бидејќи повеќето лекови што се користат за лекување на инфекцијата се со контраиндикации за бремени жени. Меѓу компликациите што се јавуваат кај бремени жени со коронавирус се: 39% предвремено раѓање, 10% ретардација на раст на фетусот, 2% абортус. Покрај тоа, лекарите забележуваат дека бремените жени со Ковид-19 е подобро да се породат по царски рез.

Извор: jenata.blitz.bg

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1