ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/19/20 6:51 PM

Беше татко за пример, човек со големо срце- Последно збогум за Атанас Ковачевски

Денот почна тажно, со веста за ненадејната смрт на поранешниот новинар и портпарол на ЕВН, Атанас Ковачевски. „Немаше здравствени проблеми, се случи ненадејно и затоа шокот е голем“, „Тажноз а неговата младост“,  „Вчера имаше планови, а денес ништо од тоа не важи“ се дел од тажните зборови и неверување дека повеќе не е меѓу нас пријателот, колегата, и , прекрасен татко, како што велеа тие што го познаваа.

-Беше неуморен, одговорен, посветен, професионален, духовит. Беше толерантен, позитивен, сакан, скромен, забавен и  доверлив. Беше татко за пример, со големо срце за сите и секогаш со некоја нова досетка да предизвика насмевка. Човек кој не знаеше да каже не или не можам. Не знаеше ни да се скара. Со толку многу планови пред себе… Огромна загуба е за сите нас, вели Ленче Карпузовска, негова колешка и додава:

„Јас само на ова можам да кажам благодарна сум што те познавав и што ми беше прв соработник. Многу повеќе од колега. Па ние бевме семејство…“, напиша Ленче на Фејсбук.

Цел ден колегите и пријателите се простуваа од него.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1