ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/12/18 2:18 PM

Дипломатските односи меѓу Македонија и Франција ќе биде одбележан со гала концерт

По повод прославата на 25 години од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Франција и Македонија, Амбасадата на Франција во Македонија и Францускиот Институт во Скопје, во соработка со МОБ, организираат – СВЕЧЕН ГАЛА КОНЦЕРТ

Солисти на концертот ќе бидат штипјанката Елена Голомеова со своја професионална кариера во Франција и Жак-Грег Белобо, бас баритон (Камерун, Франција)

Диригент-Иван Еминовиќ.

Во изведба на Оркестарот на Македонската опера и балет, под диригенство на Иван Еминовиќ ќе бидат изведени познати арии на француски композитори

ЕЛЕНА ГОЛОМЕОВА, сопран (Франција, Македонија)

Елена Голомеова е родена во Македонија.

Од 2000-та година наваму живее во Франција и активно настапува на сцените на тамошните оперски куќи. Средно музичко училиште завршува во Штип и во Скопје. Потоа заминува во Ница, Франција, каде што завршува студии по соло пеење во класата на М.Ж.Р Гање . Магистрира во Париз во класата на професорката Жаклин Бонардо.

Од нејзиниот репертоар, меѓу позначајните улоги во Операта Ница се вбројуваат: Реми во „Без огниште“ од Жан Клод Петит, Жанет во ,,Свадбата на Жанет” од Виктор Масе, Матилда во ,,Наполеон“, Кристина во ,,Фантом во операта”, Кралицата на ноќта во „Волшебната флејта“ од Моцарт.

Со улогата на Шерубин во ,,Свадбата на Фигаро”, Голомеова дебитира во Националната Опера во Лорен.

Заедно со Жерар Депардје настапува во филмот за животот на Рахмањинов. Таа ја игра и улогата на Деспина од „Cosi Fan Tutte“ со Р. Раимонди во „Плачот на ангелите” во продукција на француската телевизија France 2.

Голомеова настапува на концерт во Скопје заедно со Оркестарот на македонската филхармонија. Исто така учествува на бројни реномирани фестивали на Балканот и во Европа. Со филхармонискиот оркестар на Кан таа настапува во „Реквием“ од Моцарт.

Добитник е на неколку значајни награди, меѓу кои и прва награда за лирско пеење од Националниот конзерваториум во Ница.

ЖАН-ГРЕГ БЕЛОБО, баритон-бас (Камерун, Франција, Германија)

Жак -Грег Белобо е роден во Јунде. Денес се смета за еден од најдобрите оперски пејачи.

„Мојата професија бара издржливост и совршеност“, вели овој баритон.

За него сè започнува со добивањето на стипендија, која му овозможува да ги следи првите часови по пеење во Ница во 1997 година. Истата година му се отвораат вратите на Конзерваториумот во Ница. Една година подоцна се запишува на Конзерваториумот во Париз. Најпрво дипломира, а потоа освојува повеќе награди, истакнувајќи се на меѓународните конкурси. Ова се почетоците на неговата целосна посветеност на музиката.

Во 2001 година е ангажиран во „Bayerische Staatsoper“ во Минхен, во 2003 во „Semperoper“ во Дрезден. Ги интерпретира главните улоги во најголемите опери низ целиот свет.

Денес живее на релација меѓу Париз,Берлин и Јунде. Сонува да основа меѓународен конзерваториум во неговиот роден град.

Во својата долгогодишна кариера во Франција Елена Голомеова нема добиено ниту една покана да учествува на некои од бројните македонски манифестации или во МОБ


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1