ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/12/18 1:46 PM

Забавено ли е темпото на градба на Клиничката болница во Штип?

Клиничката болница во Штип, која според првите најави треба да биде готова пред три месеци, е далеку од градба во завршна фаза. Иако новиот рок за завршување е крајот на годината, евидентно е дека работите бавно се одвиваат. Министерството за здравство тврди дека во наредниот период градежните работи ќе се интензивираат.

Грчката компанија „Интеракт“, која го доби тендерот вреден 30 милиони евра, се обврза новиот краен рок за завршување на градежните работи да биде крајот на годината, но и покрај тоа, се чини дека темпото е забавено. Тоа е впечатокот и на директорот на болницата Ален Георгијев. -Гледаме дека има одредени застои, во комуникација сме со Министерството за здравство, тие ќе си ги преземат чекорите кои мислат дека се правилни и сметаме дека треба да се испочитува рокот даден за изградба на таа болница. На кој начин тоа ќе се реши, сепак не е в мој домен и домен на Клиничка болница, си има Проектна единица, што си го тера тој проект, изјави директорот Ѓеоргијев. Болницата ја гради штипски „Бетон“, кој ги доби работите од грчки „Интеракт“ како подизведувач на градежните работи. Неодамна во јавноста беше објавена информација дека компанијата доцни со исплатата на платите, поради што, работниците ја прекинале работата. Оваа информација ја демантираа од компанијата, меѓутоа, од управата за Канал 77 не беше негирано дека остануваат без работници поради се’ поголемиот број на вработени кои заминуваат во странство сред градежната сезона. Изградбата на Клиничката болница е грижа на Проектната единица во рамките на Министерството за здравство од каде соопштија дека ја следат динамиката на работа на градбата. „Континуирано, и во текот на денешниот ден, во контакт сме со изведувачите и подизведувачите во однос на напредокот на градежните работи. Во моментот има 70-тина работници кои работат на внатрешни специфични градежни активности“, соопштија од Министерството за здравство, од каде најавија дека градежните активности ќе продолжат со зголемен интезитет. Не така одамна, од Министерството не беа задоволни од динамиката на работите на штипската болница, а како можна опција беше и раскинување на договорот. Најавија дека нема да го толерираат неработењето.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1