ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/17/20 5:59 PM

(видео)Премиерот на Британија, Борис Џонсон имал сообраќајна незгода откако демонстрант скокнал пред конвојот

Според „Скај њуз“, сè се случило пред парламентот во Лондон, додека премиерот се враќал во Даунинг стрит.

Демонстрантот скокнал пред конвојот и првото возило запрело, предизвикувајќи следното возило да удри во првото возило и така дошло до мал судир.

Скај објави дека на автомобилот на Борис Џонсон е видливо оштетување. Даунинг стрит објави дека никој не е повреден во сообраќајката.

Виновникот за лесната сообраќајна незгода бил приведен од полицијата.

https://twitter.com/snb19692/status/1273244222385160192


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1