ММС

Објавено на: 06/17/20 11:55 AM

Тупаници, камења, палки: Шест часа 600 кинески и индиски војници се тепале на Хималаите – дваесетина загинати

Индија е во шок по најкрвавиот судир со Кина во последните шест децении во кој загинаа 20 индиски војници, а жртви има и на кинеска страна, пишува “Гардијан“, пренесува „Јутарњи лист“.

Индија во првиот момент објави тројца загинати и 17 повредени, но подоцна е потврдено дека и другите 17 им подлегнале на повредите. Пекинг исто така соопшти малку информации за сериозниот инцидент, но, се чини, вчера и државните кинески медиуми потврдија дека има жртви и меѓу припадницие на кинеската армија.

Судирот се случил високо на Хималаите каде што двете суперсили со 2,7 милијарди жители спорат во врска со државната граница. Индиска воена патрола неочекувано налетала на кинески војници во подрачје за кое верувале дека е напуштено од кинеските сили, зборува извор од Њу Делхи.

Војниците се впуштиле во беспоштедна борба со тупаници, палки и ножеви зашто во тоа подрачје не носат огнено оружје како превентива да не дојде до судири со многу посериозни последици. Кинезите прво турнале индиски офицер од карпа во бездна. Индијците потоа повикале засилување, кое било оддалечено четири километри. Од двете страни вкупно се собрале колу 600 војници кои во мрак шест часа се тепале со тупаници, камења, железни палки, со се’ што ќе им дојде до рака.

ОН изразија загриженост поради порастот на насилство меѓу двете земји, а генералниот секретар Антониот Гутереш ги повика двете страни на примирје.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1