Доцна вечерва Грција одлучи да ја отвори границата за Србите - преку Бугарија
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/15/20 10:31 PM

Доцна вечерва Грција одлучи да ја отвори границата за Србите – преку Бугарија

Грчката влада доцна вечерва донесе одлука да дозволи преминување на границата за српските граѓани меѓу Бугарија и Грција.

Милан Вукосавjeевиќ, српскиот конзул во Атина, потврди за „Новости“ дека  туристите од Србија полека го минуваат граничниот премин и се движат кон грчките летни одморалишта.

– После целодневните разговори со грчките власти, тие вечерва ме известија дека ќе започнат да ги пропуштаат нашите граѓани преку бугарско-грчката граница – изјави за „Блиц“ српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Во текот на денот сите патници кои пристигнаа во главниот град на Грција денес на лет од Белград во 13 часот, беа подложени на тестирање и строга контрола по слетувањето на аеродромот во Атина.

После тоа, само на граѓаните на Србија кои имаат соодветни дозволи за престој и работа им беше дозволено да влезат во Грција, но им беше наредено да бидат ставени во карантин додека не пристигнат резултатите. Другите патници се вратени во Србија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7