ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/11/18 2:39 PM

Рама очекува за пет години Албанија да ја посетуваат 10 милиони туристи

Албанскиот премиер, Еди Рама од пристанишниот град Драч изрази оптимистички очекувања за зголемување на бројот на туристите во Албанија, како и на бројот на вработените во туризмот.

Рама посочи дека очекува за пет години бројот на туристите во Албанија да се зголеми на десет милиони, додека бројот на вработените во туристичкиот сектор за десет години да достигне 250.000:

„Минатата година во туризмот биле регистрирани 42.000 вработени лица. За десет години нивниот број ќе достигне 250.000. За пет години очекуваме бројот на туристите да се искачи на 10 милиони, но потребно е да инвестираме, бидејќи имаме мал број на сместувачки капацитети“.

Минатата година Албанија ја посетија рекорден број странски туристи. Според албанскиот Институт за статистика, лани во земјата влегле 5,1 милиони странци, што е за 8,1 отсто повеќе во однос на претходната година. Речиси половина од нив пристигнале во Албанија за турстички цели.

Најголем процент од туристите се косовски граѓани, поточно 1,7 милиони или 34 отсто од вкупниот број. На второ место се државјаните на Македонија или 671.000, по што  следуваат Грците со околу 490.000, додека четврти по бројност се Црногорците со околу 380.000. Албанија лани ја посетиле и 212.000 Германци, 114.000 Полјаци и 98.000 Американци.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1