ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/11/18 1:52 PM

Денеска ќе се оствари телефонскиот разговор Заев – Ципрас, најавуваат грчките медиуми

Во следните часови ќе се оствари телефонскиот разговор меѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас – пишуваат грчките медиуми.

По средбата со Ципрас, што траеше околу час и половина, Никос Коѕијас, не даде официјална изјава, но на прашањето од новинарите „дали денеска ќе биде телефонскиот разговор на премиерите на двете земји“, Коѕијас кусо одговорил: „ќе биде“.

Како што претходно јави дописничката на МИА од Атина, шефот на грчката дипломатија вонредно и претходно непланирано  и ненајавено се сретна со Алексис Ципрас во премиерската палата, а оваа средба, грчките медиуми и новинарите ја поврзуваат со телефонскиот разговор меѓу премиерите на двете земји.

Коментарите во Грција се дека временскиот период за телефонскиот разговор се стеснува, со оглед на тоа што шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас на 13 и 14 јуни ќе биде во Москва на средби со неговиот руски колега, Сергеј Лавров, а во истиот период македонскиот премиер Зоран Заев заминува за Франкфурт.

Во четврток пак, на дневен ред во Грција е гласањето во парламентот на новиот нацрт закон што се однесува на среднорочната рамка за финансиската стратегија за периодот 2019-2022.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1