ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/11/18 11:45 AM

Се зголемува прагот за поврат на персонален данок за оставени приходи од земјоделска дејност

Управата за јавни приходи ќе врши поврат на персонален данок за остварени земјоделска дејност до 1 милиони денари.

Се зголемува прагот за ослободување  од обврската за плаќање данок од страна на земјоделците. Прагот кој порано изнесуваше 300 илјади денари, сега е зголемен, со што задржаниот данок на доход за средствата остварени од продажба, кои не надминуваат 1 милион денари ќе им биде вратен на земјоделците. Ова денеска на прес конференција го соопшти директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска:

„Повратот на платениот данок ќе го врши УЈП и ќе се реализира по службена должност по истекот на годината во која е остварен приходот, односно откако ќе завршат постапките за утврдување  на годишните приходи и данокот на претпополнетата Годишна даночна пријава, за изминатиот даночен период“.

Со овие измени, додаде Лукаревска, се врши поедноставување на претходната постапка кај овие граѓани, така што веќе се ослободуваат од обврската да дојдат во УЈП и да поднесат барања за паушално оданочување, како и од обврската УЈП да ги регистрира како даочни обврзници кои вршат дејност и да изготвува акти кои сами по себе се тршок за водење постапка.

Министерот за земјоделство, шумарство и видостопанство, Љупчо Николовски рече дека  повратот на персоналниот данок  важи за земјоделците кои во текот на годината нема да остварат други приходи.

Лукаревска и Николовски најавија законски измени и нови правилници со кои како што рекоа, ќе се поедностават администативните постапки, за да може земјоделците да добијат подобри услуги од институциите.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1