ММС

Уапсено магаре! Поради коцкање било четири дена во притвор

Неодамна се случил необична ситуација, кога со група од осум мажи поради вмешаност во илегално коцкање уапсено е и магаре. Овој необичен настан се случил во Пакистан  а уапсените мажи се осомничени дека на југот од земјата организирале илегални трки на овие животни, обложувајќи се дека магарето за 40 секунди може да претрчи 600 метри.

Во овој случај дошло до правни компликации во врска со пуштањето на магарето на слобода, додека осумте осомничени мажи на слобода биле пуштени веќе вториот ден со кауција, известува Би Би Си.

Оваа приказна предизвикала голем интерес во тамошните медиуми, а полицијата објаснила дека животното едноставно е притворено на неколку дена.

Магарињата во руралните делови на оваа земја најмногу се користат за пренесување на товар, а илегалните трки не се реткост.

Уапсеното магаре на слобода е пуштено дури после четири дена.

Извор:mondo.rs

Фото: herceg.tv


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.