ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/11/18 10:04 AM

Двајца обвинети признаа вина за нападот врз Села

Двајца од обвинетите на кои им се суди за нападот на пратеникот Зијадин Села што се случи на 27 април во Собранието, Цео Горгиевски и Стојан Павлески, на денешното судско рочиште признаа вина.

– Ја признавам вината, го разбирам обвинението, рече Георгиевски.

И обвинетиот Павлевски, рече дека го разбира новото дело за кое се терети, и дека по дадените видео докази се чувствува виновен.

– Ја признавам вината. Се чувствувам виновен за делото за кое се теретам, рече Павлевски.

По оваа правна ситуација, овие обвинети можат да се „извлечат“ и со условна казна, бидејќи обвинителот Дарко Јакимовски неодамна за нив го преквалификува делото наместо за „обид за убиство“ реши да ги гони за „Насилство“ за што е предвидена затворска казна од шест месеци до пет години.

Судијката Славица Андреевска, по признанието на вина од обвинетите, кажа дека кривичното дело за насилство поведено по измените на обвинението се раздвојува од постапката за другите обвинети.

Постапката против останатите обвинети Кире Георгиевски, Оливер Ошавковски, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски и Коста Делов, продолжува без измени во обвинителниот акт и тие се товарат за обид за убиство.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1