ММС

Објавено на: 06/12/20 3:45 PM

„365 денови“ ги остави гледачите на Нетфликс „сексуално фрустрирани “од експлицидните сцени

Полскиот филм „365 ДНИ“ (365 денови), ја „запали “  Twitter  заедницата. Романтичната крими-драма веќе ги освои и фановите, а предизвика коментари и кај оние на кои не им се  допадна филмот, откако беше промовиран на Netflix во неделата.

Филмот, кој е базиран на истоимената книга на Бланка Липинска, ја следи приказната за бизнис шефица Лаура Биел (Ана- Марија Сиеклучка), која е киднапирана од шефот на мафијата, додека е на одмор во Сицилија. Како заложник на „шефот“ Масимо Торичели ( Michele Morrone), тој има една единствена идеа за неа- таа има една година да се заљуби во него.

Коментарите на многумина се дека сцените се многу поексплицитни од филмот „50 нијанси сиво“, некои го критикувале филмот затоа што односот на ликовите се темели на злоставување.

Филмот засега на „IMDB“има оцена 3.8, за разлика од „50 нијанси сиво“ кој што има оцена 4.1.

https://twitter.com/_Diana_Moda/status/1269732459492577281

https://twitter.com/kehmisme/status/1254011477326872576


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1