ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/10/18 2:25 PM

Полицаец завршил во болница по напад од 24-годишна девојка: Не сакала пајак да и го „дигне“ возилото

Вчера околу 10:10 часот на улица „Филип 2-ри Македонски“ во Битола, додека неколку полициските службеници вршеле службено дејствие од областа на безбедноста во сообраќајот и преземале службено дејствие отстранување на товарно моторно возило кое било непрописно паркирано, З.А.(27) и С.А.(24), двајцата од село Баница, струмичко, застанале пред возилото и го спречувале отстранувањето на возилото.

Двете лица започнале да ги омаловажуваат полициските службеници, при што С.А физички нападнала еден службеник на кој му е укажана лекарска помош во Клиничка болница Битола.

Лицата се приведени во ПС Битола за понатамошна постапка.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1