ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/10/18 1:40 PM

Албанец убиен во Мали, повредени косовски и македонски државјанин

Телевизија 21 повикувајќи се на АФП, информира дека за време на обидот за грабеж на автомобилот каде што бил убиен Албанецот, двајца негови колеги, косовски и македонски државјанин биле повредени.

Во обидот за грабеж, се претпоставува дека учествувале четири лица. Настанот е потврден од страна на Мисијата на ОН во Мали.

Денес во Гао, возилото што ја снабдува со храна Минусма, беше нападнато од вооружени лица. Возачот на возилото беше убиен, додека двајца патници беа повредени и добиваат медицински третман во болницата Минусма во Гао, стои во соопштението на мисијата на ОН на “Твитер#, од каде воедно силно го осудија овој напад.

Засега нема официјални детали за идентитетот на убиениот Албанец и другите две повредени лица.
Инаку, компанијата, “Еколог# каде што работеше убиениот, има партнерство со ОН и со националните и меѓународните одбранбени агенции.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1