ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/11/20 12:48 PM

Французин нa суд доби 50.000 евра – имал депресија зашто добивал плата без да работи

Фредерик Деснар, менаџер на париска парфимерија, доби на суд речиси 50.000 евра зашто му било здодевно на работа, работодавачите не му давале ништо да работи, па тој страдал од депресија. Парискиот Апелциски суд му додели отштета во веќе спомената сума откако тој ја опишал својата состојба како „слегување во пеколот“.

„Ми беше срам што сум платен а не работев ништо. Никому не му беше грижа дали ќе дојдам на работа во 9 или 10 часот. Имав некои ситни обврски што немаат никаква врска со описот на моите работни задачи“, рекол Деснар за АФП.

Негов колега пред судот рекол дека Фредерик дури размислувал и да се самоубие.

„Деснар се мачеше не работејќи ништо, а тоа толку многу го депримираше што почна да зборува за самоубиство“, рекол колегата.

Инаку Деснар ја тужел компанијата, во која бил вработен како менаџер на парфимрија до 2015 година, но не му било дозолено да ја врши таа работа, за отштета во висина од 360.000 евра, а добил седум пати помалку.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1