ММС

Објавено на: 06/9/20 10:30 AM

Хуманитарното здружение „Туин” од Швајцарија, гради куќа за нивен сограѓанин во родниот крај

Жителите на кичевскоо село Туин, кои живеат и работат привремено во Швајцарија, собраа финансиска помош за нивниот соселанец М. Д.

Гледајќи тешка социо-економска положба на М.Д. и неговото семејство, жителите на селото Туин, собрани околу нивното здружение „Туин” во Швајцарија, успеаја да соберат пари и ги повикуваат сите кои можат да помогнат да им се приклучат во хуманитарната акција.

-Драги сограѓани, пријатели и други донатори од други населени места што помогнавте, ве информираме дека нашето здружение започна со реализација на хуманитарната акција за изградба на куќата на нашиот сограѓанин М. Д. Голема благодарност до сите донатори кои до сега ни помогнаа. Апелираме кон сите други добронамерни луѓе кои имаат можност да помогнат, да се јават во раководството на хуманитарното Здружение „Туин” во Швајцарија, ние остануваме со надеж дека ќе ни се придружите во нашата хуманитарна акција, молиме Бога да ја благослови вашата добрина, се вели во соопштението на хуманитарното Здружение „Туин” од Швајцарија.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.