ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/8/20 2:04 PM

Нови 33 заболени во Штип, затворени подрачните на пензиско, здравствено и станбено

Нови 33 случаи на ковид 19 во Штип. Изминатите денови се тестирани над  800 работници само  од  штипските конфекции  или вкупно околу 1000 лица. Поголем дел од заболените се штипските конфекции но има и други лица, изјави денеска штипскиот градоначалник  Благој Баочварски. Дел од штипските конфекции ги пуштија работниците на одмор, а не работат и Подрачните единици на пензиско, здравствено и станбеното, главно од превентивни причини, за заштита на граѓаните и вработените.

Бочварски вели дека  има конфекции кои работат  но во нив  нема откриен ниту еден случај на заболен

Во Штип досега се заболени  207 лица а во моментов активни се 169 лица. На инфективното одделение има 24 пациенти. Оваа одделение има капацитет за 36 пациенти, но доколку има потреба  во план е да се ослободи нервното одделение кое што е сместено во истата зграда.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1