ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/8/18 1:07 PM

Банка за храна и во Кавадарци: Не фрлајте ја храната туку донирајте ја

Повеќе од 90 семејства во Кавадарци се гладни, затоа преку Банката за храна треба да креираме систем со кој на социјално загрозените семејства ќе им се обезбеди барем еден оброк дневно – беше речено меѓу другото на промоцијата на Банката за храна пред кавадаречките бизнисмени и угостители. Проектот доби поддршка и од локалната самоуправа, при што градоначалникот, Митко Јанчев рече дека општината ќе обезбеди магацински простор каде ќе се складира храната која ќе биде донирана за сиромашните.

На презентацијата беше речено дека целта на ваквите акции е да се укаже на потребата вишокот храна да не се фрла туку да пристигне до оние кои навистина имаат потреба од тоа.

Претставникот на Банката за храна, Душко Христов посочи дека секоја година со донациите кои се собираат во банката секојдневно барем со по еден оброк се обезбедуваат 300 лица во 11 градови.

Според Христов, иако Кавадарци важи за една од најбогатите општини сепак повеќе од 90 фамилии се гладни ,визијата е борба со гладот преку редуцирање на отпадот и фрлање на храна, поттикнувајќи го  бизнис секторот, вишокот храна наместо да се фрла да дојде до гладните и социјално загрозените лица.

Со формирање на Банката за храна, на локално ниво се обезбедуваат услови за заедничка борба против сиромаштијата и гладот кај населението во таа средина. Податоците кажуваат дека повеќе од 70.000 луѓе во земјава се гладни или имаат два оброка неделно, а во Кавадарци партнер на Банката за храна е еколошкото друштво „Еко живот“.

 

Билјана Тошевски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1