ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/7/20 11:34 AM

Изгоре штала со добиток во битолско „Стрчин“ од гром

На место викано „Стрчин” вчера удрил гром во штала и настанал пожар при што шталата и добитокот кој бил во неа изгореле. Пожарот бил изгаснат од противпожарната екипа од Битола.

Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен вчера околу 15:30 часот во СВР Битола.

– На место викано „Стрчин” удрил гром во штала сопственост на Т.Е.(47) од Битола и настанал пожар при што шталата и добитокот кој бил во неа изгореле. Пожарот е изгаснат од противпожарната екипа од Битола, наведуваат во соопштението.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7