ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/8/18 11:00 AM

Планот 18 денеска пред невладините и опозицијата: Османи очекува до вторник да се најде и на владина седница

Откако вчера беше презентиран во Брисел, Планот 18 денеска во Секретаријатот за европски прашања во Скопје е тема на дебата меѓу вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и невладините организации. Во текот на денешниот ден, тој најави дека ќе се сретне и со опозицијата.

Османи претпладнево во изјава за медиумите оцени дека овој месец ќе биде најважен и ќе ја одреди судбината на Македонија. ,,Спремни сме за одржливи реформи. Наш суштински адут не е само затворањето на политички прашања”, додаде Османи.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој потенцираше дека реформите меѓу другото ќе се фокусираат на правосудството – сектор кој речиси секојдневно е критикуван од опозицијата. Османи и денеска го повтори својот став дека реформите не треба да се сфатат како технички процес, туку како трансформација на општеството. Тој очекува откако ќе се слушнат забелешките, овој документ да се најде и на владина седница.

Изминатите денови пак, универзитетскиот професор Гордан Калајџиев изјави дека реформите се поим кој во Македонија се преценува. Премиерот Зоран Заев на ова одговори дека критиките се добредојдени.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1