ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/7/20 9:32 AM

Еве како изгледа Корона концерт- Татјана Лазаревска од Мелбурн за цел свет

Фолк пејачката Татјана Лазаревска денес од 11 часот по македонско време ќе одржи онлајн концерт за цел свет, но за публика во сала по австралиски правила. Австралиските власти исто така го забранија групирањето, но во затворен простор е дозволено присуство на максимум 20 луѓе.

-За да си го подобриме расположението мора да биде вака. Овде не е толку строго, но сепак, постојат правила. Во затворен простор максимум може да има до 20 луѓе. За овој концерт имаше голем интерес на нашинците, кои се желни за журка, како и сите ние, но за жал можеа да дојдат само 12, бидејќи јас со троицата музичари и четири камермани сме веќе осум луѓе. Малку чудно и за мене и за сите како тоа ќе изгледа, но сепак, да се потрудиме да не обрнуваме внимание на тоа и да се сконцентрираме на забавата. Ако ништо друго ќе се дружиме сите со убава песна, па сега некој со кафе за добро утро, некој во пижами, пред спиење, некој ќе пее додека ужива во неделниот ручек. Кому како ќе му се погоди времето од Австралија, преку Македонија до Америка. Важно е да бидеме весели и расположени, недела е ден за дружење, епа ајде да се дружиме за инат на пандемијата, вели Татјана.

Настапот може да се гледа на следниот линк:

https://www.youtube.com/watch?v=3Pi6D_DG5gg&fbclid=IwAR1HzlKiU_iYtyQfPQXOci9XdwMGuT_0qn797ClIePLy1QqP2L-258nxrZo


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7