ММС

Филипче: Да се гордееме со нив!

Ноќеска на полноќ министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбул профил сподели фотографии од медицински лица од Службата за итна медицинска помош и им се заблагодари.

-Горд сум што целокупниот здравствен систем е мобилизиран и функционира како едно. Ова се само дел од моите колеги од Службата за итна медицинска помош која во секое време во денот е на терен и ја дава својата максимална здравствена заштита за сите пациенти. Да ги почитуваме мерките и заеднички да го стопираме ширењето на коронавирусот, напиша Филипче.

Фото: Арбнора Мемети од Мета.мк

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.