ММС

(Видео) Бившиот реис „го уби” ковидот после Ифтар, вели Муфтијата Несими

Тетовскиот муфтија на ИВЗ, Ќани Несими тврди дека сите  безбедносни процедури за празникот Рамазан Бајрам во џамиите максимално се почитувале.

–  Во џамиите, кои се дезинфицираат пред и после молитвата, не можете да влезете без заштитна маска и не смеете да се ракувате и групирате  меѓусебно, мора да држите дистанца. Треба повеќе да се внимава како се однесуваме на пазарите, во маркетите, рестораните и домовите. .Сите наши верници кога доаѓаат треба да одржуваат  високо ниво на хигиена, Впрочем, тоа е обврска пред Севишниот. Пред бога нивните раце, лице и тело мора да бидат чисти – вели Тетовскиот муфтија Ќани Несими.