ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/8/18 8:13 AM

Фејсбук призна нов проблем со податоците

Водечката социјална мрежа во светот повторно моли за прошка: поради грешка приватните пораки на голем број корисници на Фејсбук биле прикажани јавно.

Грешката се појавувала во периодот од 18 до 27 мај и од неа биле погодени 14 милиони корисници, јавуваат американските медиуми. Во текот на тој период, личните кориснички подесувања автоматски и без знаење на корисниците се менувале така што целата Фејсбук-заедница можела да ги види содржините кои всушност биле наменети само за пријателите или помали групи корисници.

Грешката во меѓувреме е поправена, соопшти надлежната Фејсбук-менаџерка Ерин Еган. „Сакаме да се извиниме“, рече таа. Фејсбук сега ќе почне да ги известува погодените корисници. „Очигледно ова е како ПР-катастрофа, така и катастрофа на менаџментот“, оцени влијателниот портал за техника „recode.net“.

Закерберг во ЕП: Извини е најлесниот збор…

Да се биде или не – на Фејсбук

За Фејсбук новите проблеми доаѓаат во невреме. Социјалната мрежа веќе со месеци е под голем притисок поради својот однос со личните податоци на корисниците. Информации за милиони корисници завршија кај фирмата„Кембриџ Аналитика“, која без дозвола наводно ги искористила за изборната кампања на американскиот претседател Доналд Трамп. Неодамна беше објавено и дека Фејсбук им овозможил пристап до податоците за дел од корисниците на повеќе кинески технолошки концерни.

Извор: DW


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1