ММС

Гостите си носат и свои гости,преполн Дојран несовесни граѓани без маски и дистанца

Убаво е да се има гости, но во услови на пандемија, добро би било и да се почитуваат пропишаните мерки. Сепак тоа не се случува вели градоначалникот на  општина Дојран, Анго Ангов.

Вклучена е и граничната полиција  и за жал  се казнуваат луѓе кои што се собрани во поголеми групи, без маски и не се држат растојание. Се пишуваат и казни.

Според проценките на градоначалникот во  моментов има од 10-15.000 гости.

,,Во моментов е многу раздвижено на патеката. Бев на лице место и видов дека сите луѓе се шетаат без никаква заштитна опрема. Ние од синоќа бевме во контакт и со МВР и со Граничната полиција.Тие се на терен, работат, укажуваат а  има и изречени и платни налози.Сето ова се прави за да се подигне свеста кај посетителите, дека треба да се почитуваат мерките на Владата пред се’ заради нив и за сите останати околу нив,“ вели Ангов.

Според Ангов сите викендици се преполни, а има и голем број посетители кои што се тука на еден ден. Градоначалникот Ангов апелира до сите посетители да бидат совесни и одговорни.Тој најави дека  во текот  на утрешниот ден општината ќе вклучи и радари, кои ќе ги растеруваат групираните гости, а потсети и дека тие кои понудиле сместувачки капацитети мора да ги запазат мерките пропишани за време на епидемија.