ММС

Колку често треба да одиме на одмор, за да си го продолжиме животот

Експертите откриле колку долго одмор треба да земеме за да можеме да се одмориме и да ги продолжиме нашите животи. Европското здружение за кардиологија спроведе студија во која беа вклучени 1.200 луѓе за 50 години. Целта на истражувачите беше да утврдат како одморите влијаат врз животниот век на човекот и здравјето на срцето.

Како резултат, експертите, заклучија дека долгиот одмор го намалува ризикот од развој на кардиоваскуларни заболувања и го продолжува животот. Бизнисмените кои одмараат помалку од 3 недели годишно, имаат 37% поголема веројатност да умрат порано од оние кои одмарале цел месец.

“Запомнете дека здравиот начин на живот не може да биде замена за вистински одмор. Со сигурност можеме да кажеме дека одморот е незаменлив. Само целосниот одмор може да го намали стресот и да го подобри здравјето на вашето срце. Меѓу мажите, ова е особено важно. “, предупредува Тимо Страндберг, експерт на Универзитетот во Хелсинки. / Извор: Здраве.то

Фото: vecernji.hr