ММС

Двајца близнаци, еден веган, другиот јадел месо- Како изгледаат по 12 неделна диета

Некои тврдат дека придобивките од веганската диета се огромни, други велат дека на организмот му треба и месо. Близнаци ги тестираа овие две диети.  Идентичните близнаци Хуго и Рос Тарнер решија да ги споредат ефектите што исхраната ги има врз нивното тело, со тоа што едниот бил веган, а другиот јадел месо. Еве ги резултатите по 12 недели!

Хуго, кој се придржуваше на веганската диета, на крајот од експериментот изгуби килограм маснотии а доби 1,2 килограм мускул. Една студија покажа дека луѓето кои се придржуваат кон веганската исхрана, губат околу два килограми повеќе од оние кои во диетата јадат месо.  Хуго исто така вели дека оваа диета му помогнала да има повеќе енергија.

„На веганската исхрана мојот ментален фокус беше многу подобар, немав падови на енергијата, се чувствував малку повеќе енергичен“.

Мерењата покажаа дека неговото ниво на холестерол сега е пониско (до крајот на студијата паднал од 5,9 на 4,9, а пет се сметаат за здрави). Експертите исто така ја анализирале столицата на близнаците и откриле дека Хуго, кој се придржувал на веганска диета, имал повеќе добри бактерии во цревата, што значи дека тој има помала шанса да заболи од хронични заболувања како што се дебелината и дијабетес тип 2.

Од друга страна, Рос, кој јадел месо за време на овој експеримент, во период од 12 недели добил 2,8 килограми маснотии, но и четири килограми мускули. Додека неговиот брат близнак рече дека е полн со енергија, Рос забележал чести промени во нивото на енергија.

„За мене беше поинаку отколку за Хуго. Јас бев многу гладен помеѓу 10 и 11 часот, имав ненадејно кревање и паѓање на енергија. Исто така, носевме и монитори за гликоза, забележително беше дека имав промени „горе-долу“. , додека кај Хуго нивото беше постабилно “, рекол тој.

Кај него не е забележана промена во нивото на холестерол, но забележано е дека има помалку различни бактерии во цревата, но нема забележително зголемување на добрите бактерии. Иако, според овие податоци, може да се каже дека веганската диета е поздрава, факт е дека и двата типа диети имаат и против и против.

“Веганската диета има свои добри страни, исто како и јадењето месо. Мислам дека ниту една од нив не се покажа како подобра. Ние ќе јадеме и едно и друго, ќе има денови кога нема да јадеме месо и ќе јадеме веганска храна повеќе, но исто така и денови кога ќе јадеме квалитетно месо. Така ќе го искористиме најдоброто од двете диети “, рече Хуго.

Ивор:mondo.rs

Фото: Курир.рц