ММС

Принцот Чарлс за корона: Лесно се извлеков

Принцот Чарлс (71), наследникот на тронот на Кралството Британија, изјави дека „лесно се извлекол“ од вирусот Ковид-19 од кој беше заразен на почетокот на епидемијата во март.

Тој, откако дозна дека е позитивен на вирусот, се повлече во самоизолација, а во текот на болеста имал благи симптоми, вели принцот за „Skay news”

– Имав среќа, ама имав вирус и во потполност можам да разберам низ што поминуваат луѓето- рече британскиот принц и додаде дека сочувствува со оние кои изгубиле некого.

Откако дозна дека е позитивен, прицот Чарлс помина седум дена во карантин во неговата куќа во Балморал, а неговата сопруга Камила (72) не беше позитивна на тестот за Ковид- 19

 

Извор: blic.rs