Не сум била на фризер, знам чиј е профилот, демантираше Сања Лукаревска, дирктор на УЈП
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/4/20 2:15 PM

Не сум била на фризер, знам чиј е профилот, демантираше Сања Лукаревска, дирктор на УЈП

Денеска на социјалните мрежи се појавија фотографии од диркторката на УЈП, Сања Лукаревка, на кои се гледа дека место во изолација таа е на фризер за да си ја бојадиса косата, место да седи во изолација. Лукаревска енергично дематираше пишувањата и појасни дека е лажна вест пласирана од профил лице чиј идентитет е познат.

-Најостро ги демантирам тенденциозните дезинформации, лаги и конструкции кои одредени лица сокриени позади лажни профили, ги шират за мене. Изминативе денови се соочувам со оркестриран напад врз мене како личност. Не е вистина дека сум го напуштила својот дом додека сум во изолација за да одам во фризерски салон. Фотографиите коишто ги шират како “поткрепа” на оваа лага, се од 31 август 2019 година, напиша Лукаревска и додаде:

https://twitter.com/C4i7Z/status/1268473149215125505

„Јавноста треба да знае дека согласно протоколите, постојано сум под полициски надзор, како лице во изолација. Но, пред се и над се, како човек, никогаш не би дозволила свесно да загрозам нечие здравје и да прекршам јасно пропишани закони. Згрозена сум од непочитта и злоупотребата на било чија здравствена состојба. Но, иако за пребродување на ситуацијата во којашто се наоѓам е потребна сила и мир, нема да штедам енергија да ги демантирам сите лаги кои планирате да ги пласирате. За секоја една лага, ќе најдам и време и сила да ја разобличам пред граѓаните. Зошто граѓаните ја заслужуваат само вистината“, рече таа. !

Лукаревска е во домашна изолација откако пред некој ден доби резултат дека е позитивна на Ковид -19.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7