ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/7/18 2:42 PM

Поднесен Предлог закон за отпишување камати за долгови за неплатена сметка за комунални услуги

Предлог закон за отпишување на камати за наплата на долгови што произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабелски оператори, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште вчера до Собранието поднеле пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, партијата ГРОМ и партии од парламентарното мнозинство.

„Се работи за нов закон со кој што основната цел на истиот е отпишувањето на каматите на граѓаните кои се во неповолна ситуација како должници по основ на услуги од вршители на комунални дејности како што се електрична енергија, топлинска енергија, вода, смет, телефонија, мобилни оператори, трошоци за редовно одржување на заеднички делови на зграда што се во етажна сопственост и за услуги кои се дават на корисници на вода од страна на вршителот на водостопанска дејност односно наводнување и одводнување“, појасни денеска на прес конференција пратеникот на Коалицијата „За подобра Македонија“,  Панчо Минов.

Согласно законските решенија за долгови стари и по една деценија за кои граѓаните воопшто не знаеле, сега се наплатуваат десеткратно повисоки суми од страна на извршителите – додаде тој. Според него, граѓаните најмногу се тужени за парично побарување по фактури за услуги од вршители на комунални дејности и за услуги кои се дават на корисници на вода од страна на вршителот на водостопанска дејност.

Минов нагласи дека од незначителен долг за ненаплатена сметка за комунални услуги, по многу години поминати од добиената услуга добиват огромни сметки во кои е вклучена и самата камата:

„Доверителите правни лица го искористија овој период на штета на граѓаните и во своите парични побарувања за комунални услуги и услуги кои се дават на корисниците вода од страна на вршителот на водостопанска дејност согласно законските прописи не по нивна вина им доспеаја превисоки камати и трошоци на извршување на комуналните долгови“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1