ММС

Место на гробишта дојдете во дворот на црквата со пченица и вино-Повардарската епархија ги повика верниците утре и задутре да одат во црквите

Повардарската епархија, со која раководи владиката Агатангел, денеска ги повика православните верници од местата кои се во рамките на таа епархија в петок и в сабота, бидејќи има забрана за одење на гробишта, да одат во црквите. .

„Почитувани, со оглед на новонастанатата состојба во нашата држава, а поради пандемијата со Ковид-19, која се однесува на забраната за посетување на гробните места за денот на покојните – Духовденска Задушница, се известуваат и повикуваат сите верни чеда на Повардарската православна епархија од сите населени места кои се наоѓаат во нејзиниот состав, во деновите 05.06. 2020 (Петок) и 06.06.2020 (Сабота), во периодот од 08-14 часот, да дојдат во храмовите (дворовите на храмовите) и со себе да понесат варена пченица, црвено вино и список со своите претходно упокоени блиски роднини и пријатели. Во тој спомен (на нашите претходно упокоени) на ден 06. 06. 2020 (Сабота) со почеток во 08 часот ќе биде отслужена и Заупокоена Литургија во сите храмови. Затоа Ве покануваме помасовно и достоинствено да им оддадеме чест и спомен на сите упокоени наши браќа и сестри во Христа“, пишува во повикот.