ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/7/18 1:39 PM

Пападопулу: Протестите ја изразија желбата на Грците

Протестите ги покажаа желбата и патриотизмот на Грците, вели портпаролката на Независни Грци, партијата коалиционен партнер во грчката влада. Мадалена Пападопулу, коментирајќи ги вчерашните собири низ цела Грција, но и најавите за нов протест во Атина, рече дека доколку навистина се одржи, таа лично ќе присуствува, како што учествувала и на минатиот во грчката престолнина.

-Протестите можат да помогнат во еден преговарачки процес. Протестите навистина го покажаа патриотизмот на Грците, душата на Грците и желбата на Грците и на Гркинките да не се користи терминот Македонија или изведените зборови за Скопје, рече Пападопулу и додаде дека на собирите имало луѓе од сите возрасти, од сите општествени степени и од различни професии.

Гостувањето во утринска информативна емисија на грчката телевизија Скај, го искористи уште еднаш да го повтори ставот на Независни Грци дека нема да поддржат име со терминот Македонија.

-Она што ние како Независни Грци велиме е дека не можеме да прифатиме употреба на име со терминот Македонија или изведените зборови за Скопје, рече портпаролката на Независни Грци,, јави дописникот на МИА од Атина.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1