ММС

Oгнот од САД се распламти и во Франција: Нереди и протести на илјадници луѓе во Париз

Големи нереди имаше синоќа пред новата зграда на Палатата на правдата во Париз. Повеќе од 20.000 луѓе претходно се собраа на мирни демонстрации за поддршка на семејството на Адам Траоре (24), црнец кој страдаше во гратче северно од Париз пред четири години. Во исто време, тоа беа и манифестации за поддршка на протестите во САД поради смртта на Џорџ Флојд, јавуваат агенциите.

Околу 21 часот избувнале нередите. Група демонстранти го блокирала обиколнии автопат околу Париз, запален бил дел од урбаната опрема, како и американското знаме. Густ црн облак го покрил тој дел на Париз. Висок пламен зафатил и мост на автопатот. Демонстрантите не им дозоволивале на пожарникарите да се приближат. Летале камења кон Палатата на правдата и кон полицијата, која возвраќала со солзавец и со димни бомби.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.