ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/7/18 11:08 AM

Се крчкаат измени на Законот за абортус

Се подготвува нов закон за прекин на бременоста. Според ресорниот министер, Венко Филипче новите измени  ќе им овозможат на жените во земјава да направат слободен избор за абортус до 12-та недела, во консултација со матичниот гинеколог.

Министерот денеска појасни дека драфт верзијата на законот е подготвена и оти потребна е уште една финална консултација со сите кои се заинтересирани за промена на законот, со стручните лица од Клиниката за гинекологија и акушерство, МТСП и невладините организации.

„Слободен избор за прекин на бременоста жената ќе има и до 22 гестациска недела од бременоста, со оценка на комисија составена од двајца гинеколози и еден социјален работник. По наполнување на 22 гестациска недела, ќе се формира посебна стручна комисија која ќе треба да направи проценка за одобрување прекин на бременост. Таа комисија, освен гинеколози и акушери, ќе биде составена и од специјалист од детска хирургија, детска кардиологија, кардиохирургија, неврохирургија, анестезиологија и социјален работник. Во случај на вродена аномалија кај плодот жената има право да ја прекине бременоста врз основа на мислење од овие специјалисти“, потенцираше Филипче на стручниот симпозиум на тема „Вродени аномалии – предизвици, дилеми и третман“ во организација на Македонското лекарско друштво.

На овој настан се очекува да бидат промовиранид остигнувањата во медицината во Македонија.

Податоците покажуваат дека поради некоја вродена аномалија годишно во светот умираат околу 300.000 новороденчиња во период од четири недели по раѓањето.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1