ММС

Бисера се спаси и дома е, ви благодарам златни луѓе, напиша мајката на болното девојче

Малата Бисера  е излечена и со родителите се врати во Прилеп. Неа јавноста ја запозна кога нејзините родители објавија видео во кое Бисера едвај дишеше,  лежела со месеци на Детска клиника а биле и одбивани детето да биде третирано. По притисок на јавноста Бисера подоцна е префрлена во приватна клиниката и излечена од сите инфекции и проблеми. Денес  малата Бисера заминува дома жива и здрава а по доаѓањето во Прилеп, мајката Александра Алексоска напиша:

Добар ден, добри луѓе… што да кажам? Од каде да почнам? Дома сме!…и вие сте причината за тоа. Едно семејство…

Gepostet von Aleksandra Aleksoska am Samstag, 30. Mai 2020

„Добар ден, добри луѓе… што да кажам? Од каде да почнам? Дома сме…и вие сте причината за тоа. Едно семејство усреќивте. На едно бебенце му помогнавте. Среќата… па не можам ни јас се уште да ја објаснам. Не знам дали можите да замислите… цели 8 месеци… Кога се изгледаше недостижно, страшно, невозможно, вие верувавте во нас и не поддржавте. Најголема благодарност до сите вас што верувавте во нас! Ви благодариме за донациите кои го овозможија закрепнувањето на Бисера. Златни луѓе. Здрави и живи да ми сте сите. Но најголема благодарност до нашите семејства, за нивната најголема поддршка, разбирање, љубов. Ве сакаме. Ќе продолжиме да се бориме. Ќе продолжиме да му се радуваме на животот кој ни е подарен од Бога. Бисера е дома. Имаме долг и тежок пат пред нас, но со Господ напред, секогаш е полесно кога сме заедно. Поздрав од мама, тато и Бисера!