ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/7/18 8:57 AM

Почина академик Матеја Матевски

Во 89-та година од животот ноќеска почина истакнатиот поет и академик, Матеја Матевски. Матевски е роден во Истанбул во 1929 година, детството го поминал во Гостивар, а студирал во Белград и Скопје, каде завршил Филозофски факултет. Работел како наставник по македонски јазик, а потоа бил новинар во Радио Скопје.

Бил генерален директор на Радиотелевизија Скопје, членувал на Друштвото на писателите на Македонија и во МАНУ, а беше и претседател на Академијата во 2001-2004.

На јубилејното, 50-то издание издание на Струшките вечери на поезијата во 2011 година, Матевски го доби „Златниот венец“.

Автор е на стихозбирките: „Дождови“, „Рамноденица“, „Перуника“, „Круг“, „Липа“, „Раѓање на трагедијата“, „Оддалечување“, „Црна кула“, „Завевање“, „Мртвица“, „Внатрешен предел“, „Заминување на светулката“ .

Погребот на академик Матеја Матевски ќе биде извршен утре во 12 часот на Градските гробишта Бутел во Скопје.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1