ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/7/18 8:26 AM

Вечерва во Штип ќе биде отворена изложбата Atmosphere of sorrow

Atmosphere of sorrow е насловот на изложбата која ќе биде отворена вечерва во Дом на млади – Штип. Ова е прва самостојна изложба на штипјанката, Ана Ѓорѓева, која вели дека станува збор за 12 слики цртани на текстил, преку кои го прикажува својот свет.

„Ќе ви го отворам емотивниот дел од мојот свет кој се надевам ќе ве наведе да помислите, колкава тежина има кажаниот збор и како тој се одразува врз човекот за кој што е наменет. Дојдете да зборуваме за љубовта, тагата, среќата и секоја една емоција која што животот ни го прави ваков каков што ни е“, се вели во повикот за настанот на социјалните мрежи.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1